недела, 22. мај 2022. Вести денес: 102
home Хроника

68 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

68 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Денеска (23.01.2022) во периодот од 10.00 до 16.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 68 возачи.

Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а исто така три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Коронавирус