четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 18
home Хроника

59 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени 46

59 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени 46

Во текот на изминатото деноноќие (18/19.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 28 прекршоци, информираа преку соопштениер од МВР.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 96 лица им се издадени решенија за изолација, а 65 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, стои во соопштението на МВР.

Коронавирус