вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 114
Во живо

Изјава на Мицкоски и Сарамандов од Гевгелија

home Хроника

58 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија-Куманово

58 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија-Куманово

Во текот на вчерашниот ден (19.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 58 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Локални избори 2021