недела, 31. мај 2020. Вести денес: 27
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

52 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени 39 лица

52 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени 39 лица

Во текот на изминатото деноноќие (19/20.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 39 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 33 прекршоци, соопштија од МВР.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 34 лица им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, се вели со соопштението на МВР.

Коронавирус