вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 18
home Хроника

43 мигранти најдени во возило кај Миладиновци

43 мигранти најдени во возило кај Миладиновци

На 17.07.2020 во 07:50 часот на автопатот Куманово – Скопје, на наплатна станица Миладиновци, товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од за сега непознат возач, удрило во бетонски столб на една од кабините.

По незгодата, возачот побегнал од местото, а при преглед во возилото, во товарниот дел биле пронајдени 43 лица мигранти од кои 13 од Бангладеш, 11 од Пакистан, 10 од Сирија, пет од Авганистан и четири од Турција.

Во незгодата, едно лице се здобило со телесни повреди.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус