недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

34 сообраќајнни незгоди за три дена во Скопје

34 сообраќајнни незгоди за три дена во Скопје

Во текот на изминатите три дена дена на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 34 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, 22 со лесни телесни повреди и 10 со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 37 лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 109 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 75 возачи од кои: 38 возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 33 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четворица возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така исклучени од сообраќај се и 34 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, по еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, неправилно престројување и неправилно престигнување и 13 возачи поради неносење заштитен шлем (кацига).

Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 124 мандатни платни налози, додека 92 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Коронавирус