четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Хроника

339 санкции за возачи што возеле пребрзо

339 санкции за возачи што возеле пребрзо

Во текот на вчерашниот ден (22.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 339 возачи.

Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 179 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место.

За време на акциската контрола санкционирани биле и 119 други видови прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Коронавирус