недела, 15. декември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

33 мигранти пронајдени во село во Струмица

33 мигранти пронајдени во село во Струмица

Во атарот на струмичкото село Свидовица, во координирана полициска акција, пронајдени се 33 мигранти од Ирак, Пакистан и Авганистан.

Како што наведуваат од МВР:

На 20.11.2019 околу 20.30 часот, полициски службеници од Полициска станица Струмица во координација со Регионален центар за гранични работи Исток, во атар на с.Свидовица, струмичко, пронашле 33 мигранти, од кои 21 државјани на Авганистан, седум на Пакистан, три од Иран и двајца од Ирак. Мигрантите биле предадени во Прифатен центар Гевгелија за понатамошна постапка.