вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

30 сообраќајки викендот во Скопје, „пајакот“ кренал 134 возила

30 сообраќајки викендот во Скопје, „пајакот“ кренал 134 возила

За непрописно паркирање изминатиот викенд во Скопје се изречени 200 мерки, а „пајакот“ подигнал 134 возила.

Во  12 од вкупно регистрираните 39 сообраќајки со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а 12 се полесно повредени.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 55 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца возачи почетници, а од сообраќај се исклучени и 48 нерегистрирани возила.

Изречени се санкции на 13 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, девет кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, 13 за неносење сигурносен појас, 31 за користење мобилен телефон. (МИА)