сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 30
home Хроника

292 санкции за возачи што возеле пребрзо

292 санкции за возачи што возеле пребрзо

Во текот на вчерашниот ден (24.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 292 возачи.

Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 131 возило ја пречекориле брзината во населено место, а 161 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 158 други видови прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Коронавирус