недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 102
home Хроника

21 годишен скопјанец сакал да замине со авион за Истанбул, но полицијата го спречила – и самиот знаел дека прави кривично дело

21 годишен скопјанец сакал да замине со авион за Истанбул, но полицијата го спречила – и самиот знаел дека прави кривично дело

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 21-годишниот скопјанец за употреба на фалсификувана потврда за ПЦР тест.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 24 април, 21-годишниот скопјанец се обидел да замине за Истанбул со лет од Меѓународниот аеродром – Скопје, употребувајќи фалсификуван сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот.

-Скопјанецот иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и оти таков сертификат не е издаден на негово име, осомничениот пред аеродромските службеници ја прикажал лажната исправа како вистинска, соопшти Обвинителството.

ЕУРО 2020

Македонија