понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 159
home Хроника

20 скопјани се забавувале во една хотелска соба и се бањале во ист базен

20 скопјани се забавувале во една хотелска соба и се бањале во ист базен

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против И.Г. (42), Д.В.(42), З.Б.(29), М.А.(33) В.М.(36), Е.С.(32), Д.Т.(27), С.Н.(19), Н.М.(26), С.М.(36), М.Ц.(36), М.М.(48), А.К.(34), С.К.(36), Б.Г.(38), А.Н.(40), Г.С.(36), В.Д.(36), М.К.(36) и М.Д.(43), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 19.09.2020, пријавените биле во една соба во хотел во Крушево, иако биле предупредени од страна на персоналот на хотелот да не се групираат и да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19.

Истиот ден, тие влегле во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното, спротивно на протоколот според кој  дозволено е присуство на максимум шест лица во базен.

Коронавирус