На 27.01.2022 полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.И.(21) од с.Подареш, радовишко, Д.И.(20) и Т.Н.(22), двајцата од с.Ињево, радовишко.
Во 22.45 часот на ул. „Широк дол“ во Штип тие биле затекнати при вршење тешка кражба во обид во патничко моторно возило „опел астра“.
На местото биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.
Се работи на целосно комплетирање на случајот, по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.