сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 65
home Хроника

19 годишник со Голф удрил две малолетни деца на „Партизанска“ и избегал- еве ги деталите

19 годишник со Голф удрил две малолетни деца на „Партизанска“ и избегал- еве ги деталите

На 24.07.2020 во 22.00 часот на крстосница од бул.„Партизански Одреди“ и ул.„Аминта Трети“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(19) од Скопје, удрил во две деца на возраст од 13 и 12 години, по што го напуштил местото.

По незгодата децата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што на 12-годишникот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на 13-годишникот телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус