понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

18-годишник избоден во Кавадарци

18-годишник избоден во Кавадарци

Во Полициска станица Кавадарци утрово во 5:45 часот било пријавено дека во Општа болница Кавадарци бил донесен Ѓ.Ј.(18) од Кавадарци, со убодна рана.

По првичните информации Ѓ.Ј. со повредата се здобил при прослава на Новогодишните празници во стан на ул. „Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус