петок, 13. мај 2022. Вести денес: 152
home Хроника

166 санкционирани возачи во Скопје, 19 возеле без возачка дозвола

166 санкционирани возачи во Скопје, 19 возеле без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 54 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Коронавирус