петок, 17. септември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

158 санкционирани возачи во Скопје, 73 за брзо возење

158 санкционирани возачи во Скопје, 73 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 22 за возење под дејство на алкохол, 18 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се 11 мерки за возење без возачка дозвола, девет за возач почетник.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Коронавирус