петок, 6. декември 2019. Вести денес: 164
home Хроника

14-годишно момче побегало од домот „Ранка Милановиќ“, полицијата е во потрага

14-годишно момче побегало од домот „Ранка Милановиќ“, полицијата е во потрага

Вчера во Полициската станица Гази Баба, вработена во домот „Ранка Милановиќ“ пријавила дека од домот се оддалечил нивниот штитеник К.Д.(14) од Кавадарци.

Според пријавеното, тие имале сознанија дека се наоѓа на теритотија на Кавадарци. Инаку, тој повеќе пати досега го напуштал домот и бил враќан во установата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.