недела, 9. мај 2021. Вести денес: 129
home Хроника

126 сообраќајни прекршоци во Скопје, 28 за брзо возење

126 сообраќајни прекршоци во Скопје, 28 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28, седум за возење без возачка дозвола, три за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), 12 прекршоци што ги чинат пешаците, три санкции за некористење сигурносен појас и 37 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Коронавирус