петок, 31. март 2023. Вести денес: 122
home Хроника

11 годишно момче тешко повредено, со мотор се судрило со автобус

11 годишно момче тешко повредено, со мотор се судрило со автобус

Малолетник на возраст од 11 години е тешко повреден во сообраќајка несреќа која се случила вчера околу 15.30 часот во скопско Дељадровце.

Од МВР информираат дека сообраќајната незгода се случила помеѓу мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки управуван од 11-годишник од Дељадровци и автобус „ЛАЗ“ со скопски регистарски ознаки, линија бр.66, управуван од М.Б. (48) од с.Дељадровци.

-Од незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.