среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 94
home Хроника

11 – годишно девојче повредено во сообраќајка во Хром, МВР ја потврди информацијата

11 – годишно девојче повредено во сообраќајка во Хром, МВР ја потврди информацијата

Вчера ученичка која поминувала на пешачки премин во населбата Хром во Скопје околу 15 часот е удрена од автомобил југо. Министерството за внатрешни работи утрово ја потврди информацијата.

Според полиицискиот билтен вчера во 15.30 часот на крстосницата од улиците „Војвода Васил Чакаларов“  и  „Ангел Динев“ во Скопје, патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(32) од Скопје, удрило во 11-годишно девојче.

Со тешки телесни повреди се здобило девојчето, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Фото: skopjeinfo.mk

Коронавирус