петок, 10. јули 2020. Вести денес: 16
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Македонија

Густа магла на Шапка и Плетвар, намалена видливоста од 20 до 80 метри

Густа магла на Шапка и Плетвар, намалена видливоста од 20 до 80 метри

Поради појава на магла има намалена видливост на Попова Шапка до 20 метри и на планинскиот премин Плетвар од 50 до 80 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, додека на некои од повисоките места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот премин Стража, а со слаб интензитет на планинските превои Буково и Ѓавато.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Парламентарни избори 2020