сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 47
home Македонија

Грција гори: Најжешко е од 1987 година

Грција гори: Најжешко е од 1987 година

Грција ја доживува својата најголема горештина од 1987 година, предупреди денеска премиерот Киријакос Мицотакис, откако синоптичарите најавија дека температурите подоцна би можеле да достигнат 45 степени Целзиусови. Интензивната топлина помогна да се разгорат пожарите кои од саботата уништија повеќе од 3.000 хектари борови и маслинови градини во западниот дел на земјата.

Од граѓаните денеска беше побарано доброволно да штедат електрична енергија, бидејќи топлотниот бран што ја зафати Грција ја оптовари енергетската мрежа во земјата и ја зголеми можноста за прекин на доставата на струја, јави „Катимерини“.

Мицотакис денеска, за време на посетата на седиштето на операторот на мрежата ДЕДДИЕ во Крионери, источна Атика, рече дека властите ги презеле сите мерки на претпазливост за да избегнат прекин на електричната енергија. Сепак, Мицотакис ги повика Грците да ги исклучат светлата за да го намалат притисокот врз електричниот систем во земјата.

Повикот беше упатен бидејќи се очекува од утре температурите да се зголемат до 46 степени Целзиусови во некои делови на земјата. Мицотакис рече дека Грција го доживува „најтешкиот топлотен бран од 1987 година“, при што за околу една недела починаа повеќе од 1.000 луѓе поради големите горештини.

Коронавирус