недела, 31. мај 2020. Вести денес: 24
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Македонија

Грчки владини извори ги демантираат сценаријата за реконструкција на владата на Мицотакис

Грчки владини извори ги демантираат сценаријата за реконструкција на владата на Мицотакис

Владата функционира добро и ефективно. Не е можна реконструкција во време на криза, им рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговите соработници и додал дека министрите имаат работа пред нив, брифираат грчки владини извори, кои воедно ги демантираат сценаријата објавени во медиумите за реконструкција на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Истите извори, демантирајќи ги сценаријата, истакнуваат дека постојат многу отворени прашања, но и дека Владата има висок рејтинг на сите истражувања.

– Интересот на премиерот е насочен кон справувањето со пандемијата, кон рестартирањето на туризмот и економската активност во целина и кон справувањето со проблемите со вработеноста, за да се ограничат загубите на работните места. Токму поради тоа има постојани состаноци и сака министрите да бидат фокусирани на работата, а не на сценаријата, истакнуваат грчките владини извори.

Коронавирус