понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 120
home Македонија

Ги отрезни ли реакцијата на јавноста: И Спасовски „врти“ дали ќе се исполни желбата на Заев за намалување плати на администрацијата!

Ги отрезни ли реакцијата на јавноста: И Спасовски „врти“ дали ќе се исполни желбата на Заев за намалување плати на администрацијата!

Дали острата реакција на јавноста и опозицијата ги предомисли СДСМ во намерата да ги намалат платите на администрацијата? Воедно, техничкиот премиер Спасовски призна дека Владата воопшто не разговара за економски мерки?! Ова е лично и искрено признание на техничкиот премиер во време кога целата држава очекува силни и издржани мерки за спас на економијата и санирање на стопанството кое веќе колабира во одредени сектори.

Ваков заклучок може да се изведе од одговорот на Спасовски, кој во вечерашното гостување на ТВ 24 не сакаше да даде свое лично мислење за партискиот предлог на СДСМ, кој го промовираше лично лидерот им Зоран Заев, а се однесува на линеарно кратење на платите на јавниот сектор.

– Денеска не разговараме на Влада за економските мерки. Ги имаме во предвид сите предлози кои доаѓаат. Ќе ги раззгледаме со внимание и очекувам дека во наредните денови ќе се носат мерките. Има многу добри и применливи мерки во оние кои ги промовираше претседателот на СДСМ, Заев. Ќе ги разговараме и тие кога ќе се носат одлуките. За кратење на платите, јас прво сакам да ги дебатираме мерките на влада, не би сакал да преудицирам со лично мислење. Како тим, како влада ќе настапиме со мерки, вели Спасовски

Коронавирус