четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 82
home Македонија

Францускиот Сенат ќе разгледува резолуција за признавање на Нагорно Карабах

Францускиот Сенат ќе разгледува резолуција за признавање на Нагорно Карабах

Францускиот Сенат ќе разгледа резолуција во која парламентарците ги повикуваат властите на државата да ја признаат независноста на Нагорно Карабах, објави на Твитер претседателот на републиканците во Сенатот, Бруно Ретајо.

„На 25 ноември, Сенатот ќе разгледа резолуција за признавање од страна на Франција на Република Арцах. Само неговата независност може со сигурност да ги гарантира правата и слободите на народот во Нагорно Карабах пред турскиот исламистички експанзионизам”, наведе сенаторот.

Резолуциите на францускиот Сенат се од советодавна природа и извршната власт може да ги земе предвид, но не е обврзана да ги почитува. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин потсети дека „никој, па дури и Ерменија, не ја призна независноста на Карабах“.

Коронавирус