петок, 4. декември 2020. Вести денес: 137
home Македонија

Француски медиуми: Клоп преговара со таткото на Мбапе

Француски медиуми: Клоп преговара со таткото на Мбапе

Речиси сигурниот нов шампион на Англија, Ливерпул, наскоро може да го сруши пазарот со една од најочекуваните зделки од навивачите.

Според „Ле 10 Спорт“, тимот од Мерсисајд работи напорно за привлекување на суперsвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.

За да бидат сигурни дека имаат предност пред другите грантови, Ливерпул го задолжиле за тешката задача лично нивниот менаџер, Јирген Клоп.

Германскиот стратег имал разговор со таткото на Мбапе, во кој го уверил дека неговиот син ќе биде клучен за неговиот проект.

Ливерпул дури размислува да се појави со бомбастична понуда за ПСЖ веднаш штом постигнат договор со Светскиот шампион.

Како што е познато, Мбапе главно се поврзува со „црвените“ и рекордерот поосвоени титули во Лигата на шампионите – Реал Мадрид.

Ако Килијан избере трансфер на „Енфилд“, тоа скоро сигурно ќе значи дека една од sвездите на Ливерпул – Садио Мане или Мохамед Салах – ќе се упати кон Мадрид.

Коронавирус