среда, 28. јули 2021. Вести денес: 159
home Македонија

Finance T: Еколошката такса претставува еднократно зголемување на цените

Finance T: Еколошката такса претставува еднократно зголемување на цените

Пораст на цените уште првиот месец од воведување – ќе предизвика еколошката такса за горивата од 3,5 денари или 4,13 денари со вклучен ДДВ, објави Канал 5 телевизија.

Ова го покажува анализата на Фајненс тинк. Оттаму велат дека еколошката такса и на краток, но и на долг рок ќе предизвика пораст на цените..

„Воведувањето на еколошка такса со просечни 6,2% од цената на литар гориво, ќе предизвика краткорочен пораст на општото ценовно ниво од 0,15 до 0,3%. Ваков краткорочен пораст ќе се почуствува уште прв месец од воведување на такса и е постојан. Тоа упатува дека долгорочни ефкети може да бидат посилни, каде што порастот на општо ценовно ниво ќе биде од 0,8 до 0,9%.“ изјави Благица Петрески, Фајненс тинк

Со цел да се ублажи ударот кој ќе го почуствуваат граѓаните, од Фајненс тинк препорачуваат воведувањето да биде во фази…

„Воведувањето на еколошката такса да биде направено во фази, етапно. Прв дел од 1,5 денар во јули сега, второ од 1ден во јануари следна година и трето од 1ден во јули наредна година. На овој начин ценовниот ефект ќе биде разводнет и би се почуствувал многу помалку во однос на еднократното зголемување на еколошката такса.“ истакна Благица Петрески, Фајненс тинк

Измените на законот се веќе со Собрание, но се уште не се ставени на дневен ред за гласање, иако најавите се дека ќе почне да се применува од 1ви јули.

Она што е познато е дека законот ќе се носи по брза постапка со европско знаменце. За опозициската ВМРО-ДПМНЕ повикувањето на европското законодавство е неосновано и бараат законот да биде повлечен.

„Прашувам, што има европско во законот за зголемување на цената на горивата, или т.н. еколошка такса? Според предложениот закон никаде не може да се најде дека истиот е усогласен со европските регулативи, за да имаат право да се повикуваат на европското знаме. Овој кризен данок кој Заев сака да го прикаже како еколошка такса е најскап во Европа. Така македонските граѓани ќе плаќаат 5,7 евроценти за литар гориво поскапо, исто колку што плаќаат во Велика Британија..“ изјави Љупчо Пренџов, пратеник ВМРО-ДПМНЕ

Власта пак давачката ја правда со тоа дека ќе придонесе за намалување на загадувањето, но и заштита на животната средина.

Со поскапувањето на горивата се очекува на годишно ниво да се собираат по 50 милиони евра и тие пари да се користат за еколошки проекти.

Извор: Канал 5

Коронавирус