понеделник, 3. август 2020. Вести денес: 51
home Македонија

Филипче призна дека го утна и вториот бран

Тој повторно, како многупати во минатото, додаде дека граѓаните мора да прифатат дека ваквата реалност ќе трае подолго од она што сите земји во светот го очекуваа. Тоа го погоди, за разлика до другите наведени работи со бројот на заразени, вториoт бран кој требаше да биде дури наесен кога опозицијата бараше избори и други работи поврзани со развојот на КОВИД-19 во Македонија.
Филипче призна дека го утна и вториот бран

Новиот бран на коронавирус кај нас дојде порано, граѓаните мора да прифатат дека ова ќе трае подолго од што се очекуваше, изјави министерот за здравство, Венко Филипче признавајќи дека погрешија и околу новиот бран кој наводно требаше да дојде наесен, а кој претходно тотално ја утна и прогнозата за максимум 2.000 заразени, цифра која вчера надмина 7.000 македонски државјани со КОВИД-19.

Тој појасни дека Р-нула факторот на преносливост во изминатите 10 дена, само два до три дена бил над 1,1, а целиот останат перод бил околу 0,9.

„Најзастапени се возрасните лица над 60 години со 26 проценти. 44 проценти од нив биле лица со претходни хронични заболувања. Апелирам возрасните и хронично болните да бидат исклучително внимателни. Смртноста во оваа група е и највисока“, рече Филипче.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, кое е најголемо жариште на вирусот.

Тој го истакна растот на новите случаи на Ковид-19 во земјите од регионот.

„СЗО извести дека 60 проценти од случаите, на 10 милиони пациенти од светот се регистрирани во месец јуни. Тоа значи секаде има нов бран, а кај нас дојде нешто порано. Состојбата во светот исто така пoкажува дека вирусот во текот на летото ќе исчезне не се остварија. Светската статистика говори дека има пикови на новозаразени и починати, вирусот е тука и ќе остане подолго време, а ние треба да бидеме подготвени“, рече министерот Филипче.

Тој повторно, како многупати во минатото, додаде дека граѓаните морало да прифатат дека ваквата реалност ќе траела подолго од она што сите земји во светот го очекувале, иако земјите тоа не го тврдеа, туку токму владата на СДСМ. Тоа го погоди, за разлика до другите наведени работи со бројот на заразени, вториoт бран кој требаше да биде дури наесен кога опозицијата бараше избори и редица работи поврзани со развојот на КОВИД-19 во Македонија.

Коронавирус