четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Македонија

Филипче: Луѓето се опуштија- верските лидери да апелираат до граѓаните да седат дома за празниците

Филипче: Луѓето се опуштија- верските лидери да апелираат до граѓаните да седат дома за празниците

Многу е битно сега и верските лидери да сфатат дека ситуацијата е навистина сериозна, дека епидемиолошката слика може дополнително да ја искомплицира состојбата во болниците, нешто што сакаме да го избегнеме. Би сакал да ги повикам следната недела двајцата лидери, и на МПЦ и на ИВЗ и да ги замолам да упатат апел кон верниците – да останат дома оваа година, да не се групираат во цркви и џамии, да нема служби, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Во гостување на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Филипче потенцира дека натамошните мерки ќе се димензионираат зависно од тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројките и зависно од проценката на ризикот.

Филипче подвлече дека во ваква ситуација како актуелната, кога здравствениот систем е оптоварен, нема да биде ништо друго критериум за воведување мерки освен заштитата на граѓаните.

-Многу е битно сега сите да се вклучиме, не само ние што ги менаџираме здравствените капацитети и политичките чинители, туку и верските. Ова ќе биде сериозен ризик и зависно од тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројките, од проценката на ризикот што може да се случи, ние ќе донесеме одлука во следните две недели за тоа како ќе ги димензионираме мерките за тој период, истакна Филипче.

Луѓето, подвлече Филипче, како да се опуштија.

-Од претходното искуство лани, сега сме пред големи празници, видовме дека и покрај силните препораки непочитувањето на мерките доведе до нов бран, ако тоа се случи сега и се случи нов кластер собири во верски објекти, толку ќе биде голем притисокот во здравствените установи ќе се доведе во пшрашање дали ќе може да се изменаџира. Денешните бројки се помали од вчерашните, мерките дале резултат, пикот од овој бран е зад нас, сметаме дека беше на 1 април, ситуацијата се стабилизира, но сепак сме многу внимателни, истакна Филипче.

Коронавирус