недела, 20. септември 2020. Вести денес: 11
home Македонија

Факти за љубовта кои ни самите не сакаме да ги прифатиме

Факти за љубовта кои ни самите не сакаме да ги прифатиме

Во животот на човекот љубовта е неизоставен дел, за комплетно функционирање. За да се изгради стабилна емоционална врска е потребен оптимален период на доверба. Меѓусебното присуство во една врска не е доволно, но со континуиран напор и апсолутно разбирање тој однос се рефлектира во иднина.

Постојат љубовни вистини за кои често не сакаме да станеме свесни. Tие можат да бидат корисни во креирањето и одржувањето на секоја емоционална врска:

– Понекогаш ги сакаме луѓето кои не нè сакаат

Не ја забележуваме или ја игнорираме рамнодушноста на луѓето кон нас. Дозволуваме да ги искористат предностите на нашата наклонетост кон нив и полесно да ни пристапат кон својата цел. Тоа е потребно да биде прифатено, бидејќи сите немаат исти гледишта.

– Важно е искрено да се сакате

Пред да ги оживеете романтичните чувства, важно е да негувате љубов кон себе. Спознавањето на сопствената вредност и самодоверба, ја прави личноста појака за да сака друг.

– Понекогаш ќе чувствувате негативни емоции кон луѓето што ги сакате

Ќе почувствувате лутина, бес, незадоволство и многу негативни емоции кон партнерот. Ова се случува поради фактот што партнерот не ја разбира љубовта на ист начин како и Вие. Поради тоа реагира различно од вас. Во ваквиот контекст неопходна е голема толеранција, а се решава со добра комуникација.

– Секој заслужува љубов

Тоа е подарок што им е достапен на сите. Вие, Вашите пријатели, Вашиот партнер, семејството, слични минувачи во вашиот живот, па дури и луѓето кон кои немате позитивен став заслужуваат да бидат сакани.

– Само Љубовта не е доволна

Важно е да се сакате едни со други, но љубовта е многу повеќе од само чувство и зборовите кои се искажани. Постапките се многу поважни со кои ќе го докажете тоа.

– Љубовта не е едноставна

Таа секогаш вклучува подеми и падови, радост и тага. Но, тоа не значи дека треба да се откажете од неа, туку да ја запознаете подобро и да научите да живеете со неа.

– Не можете да направите некој да Ве сака

Само затоа што сакаме некого, неможеме едноставно да го натераме и тој да не сака. Во љубовните принципи, не постојат правила.

Коронавирус