вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 143
home Македонија

ЕВЗОНИ ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ, НО ТРЕБА ДА ИСПОЛНИТЕ НОВ УСЛОВ: Еве што бара Грција да направите еден ден пред да патувате таму!

ЕВЗОНИ ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ, НО ТРЕБА ДА ИСПОЛНИТЕ НОВ УСЛОВ: Еве што бара Грција да направите еден ден пред да патувате таму!

Денеска (14.05.2021 – петок), од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13 часот е дозволен е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, трети земји и граѓани од Република Македонија преку ГП ,,Евзони“. Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ, од трети земји и од Репубика Македонија ќе може да оставарат влез во Република Грција преку ГП ,,Евзони“со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или Сертификат за примени две дози вакцини (14 денови поминати од втората доза вакцина), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до 5 години не е потребен ПЦР тест. Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ.

Оваа мерка ќе се применува до 24.05.2021 година (понеделник), при што граѓаните ќе може да остварат влез во периодот од 07.00 до 23.00 часот (по грчко време), или од 06.00 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП Евзони ќе работи 24 часа. Протоколот за товарниот сообраќај останува ист.

ЕУРО 2020

Македонија