недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Македонија

Европскиот Алкатраз: Затвор на Медитеранот од кој никој никогаш не успеал да побегне… (ФОТО)

Европскиот Алкатраз: Затвор на Медитеранот од кој никој никогаш не успеал да побегне… (ФОТО)

Богатите криминалци ги подмитувале чуварите за да им доделат сопствена ќелија, раскошни јадења и други предности. Сиромашните пак умирале од глад и болести во темницата без дневна светлина.

Chateau d’If е некогашен француски остров-затвор, кој што денеска некои го нарекуваат европски Алкатраз.

Станува збор за минијатурен остров кој што се простира на 0.03 квадратни километри во заливот кој што од старото пристаниште во Марсеј е оддалечен 3.5 километри, а на кој доминира тврдина од три ката.

На почетокот на 16-ти век него го изградил францускиот крал Фрањо I за да го заштити крајбрежјето од инвазија, но таму исто така тој сокрил нова флота галија од љубопитните погледи.

Од 1580-та до 1871-та година таму казната ја отслужувале некои од најопасните криминалци во тоа време, но и верските и политичките затвореници коишто се противеле на актуелната власт.

Богатите криминалци би можеле да ги подмитат чуварите за да добијат сопствена ќелија, раскошни јадења и други предности. Сиромашните умирале од глад и болести во темницата без дневна светлина.

Но, тој остров станал популарен откако Александер Думас го спомнал во својот познат роман Грофот од Монте Кристо од 1844-та година, иако протагонистот Едмонт Дантес успешно побегнал од тој затвор по 14 години заробеништво, во реалноста не е забележан ниту еден успешен случај на бегство од тој затвор.

Големата популарност на романот придонела и во распуштање на затворот и отворање на островот за јавноста во 1890-та година. Оттогаш тој станал голема туристичка атракција која што ја посетуваат гости од цел свет.

Извор: Точка

 

Коронавирус