понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 90
home Македонија

Експертите, познавачите и ветераните согласни: ВМРО-ДПМНЕ направи позитивен исчекор со реформата на Статутот

Експертите, познавачите и ветераните согласни: ВМРО-ДПМНЕ направи позитивен исчекор со реформата на Статутот

 

Во време на партиското опаѓање и кризата што ги зафати политичките партии, во Македонија, Европа и светот, ВМРО-ДПМНЕ се одлучи за реформи: реформи на партиското организирање и реформи во политичкото дејствување, вели за Курир аналитичарот Сотир Костов, според кого за актуелните политички предизвици, на планот на партиско организирање, политичко дејствување и предлагање и реализирање на политики и мерки за нивно ефикасно спроведување, ВМРО-ДПМНЕ вчера и изненади со нов концепт на организирање, функционирање и водење делотворна политика.

„Партијата вчера ги објави промените на партискиот статут, што значат суштинска реформа на организирањето и функционирањето на партијата, на нов начин, модерен и современ, на дејствување на членовите и функционерите на партијата – во самата партија, во институциите на системот во државата и на јавната, домашна и меѓународна, политичка сцена.

Опсегот на предложените мерки е широк, а содржината на високо ниво на квалитет. Се менува статутот на партијата при што  се проширува и зацврстува внатрепартиската демократија, се воведуваат нови тела на организирање(Совет наинтелектуалци, ветерани на партијата) и дејствување и се ограничуваат мандатите.

Унапредена е внатрепартиската демократија: непосреден избор на кандидатите за градоначалници и советници и подемкратски избор на претседателите на општинските комитети.

Воведен е нов и вистински вредносен систем за ликот и активноста на секој член: способностите, умеењето и капацитетите на поединецот се ставени на преден план. Притоа решавачка да биде довербата кај членството, личниот углед и минатиот труд. За мене оваа мерка и новина е и најважна: Се воведува вредносен систем во кој принципите се се. Тоа значи преку искреност, чесност, интегритет и одговорност, ќе се гради доверба кај членството, симпатизерите и граѓаните избирачи, “ посочува Костов за Курир.

Од  рестриктивните мерки треба  да се истакнат ограничување на мандатите на претседателот на општинскиот комитет и на претседателот на партијата, цени поранешниот јавен обвинител, чин кој значи побрз и поредовен проток на способни кадри и свежи идеи, проекти и концепти.

„Тоа еден вид зајакнување на внатрепартиската динамика и динамизирање и планирање на активноста(визија, идеи, проекти, мерки, цели) во период од два циклуса – 4 плус 4 години. Сосема доволно да се создаде визија, да се предложат нови идеи, да се воведат иновативни и креативни алатки, преку кои ќе се спроведуваат мерки, проекти и цели, а притоа тие да бидат ефикасни и делотворни“, посочува аналитичарот.

„Сето ова за мене е целосна реконцептуализација на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект и активен и доминантен чинител, како во внатрешната политика, така и на планот на активноста и настапот на Македонија на меѓународен план. Со  овие реформски зафати, сигурен сум дека ВМРО-ДПМНЕ го издига на многу повисоко ниво демократските способности и натпреварувачкиот карактер и способностите на членовите и партиските раководители, но и партијата во целост. Тоа мора да резултира со поголем политички и демократски натпреварувачки капацитет на политичката сцена, поголема и помоќна презентација од и кон граѓаните избирачи, и подобра подготвеност и позиција за политичко и демократско договарање“, оценува Костов во изјавата за Курир.

Тој смета дека со обзнанувањето на овој нов концепт на организирање и политичко настапување и  дејствување, ВМРО-ДПМНЕ ги издигна на највиско ниво четирите димензии и чинители на нова модерна партија: ја зајакнува политичката натпреварувачка способност, наспротив партиската затвореност;  овозможува многу поголема достапност(медиуми, граѓани, јавност) наспротив енкапсулацијата;  ја зајакнува пресудноста како политички субјект, наспротив маргинализацијата и нерелевантноста; и конечно се справува со ранливоста(внатрпартиски тензии и одбивање на надворешните деструктивни неосновани напади), а ја зголемува отпорноста и сигурноста на демократското дејствување.

Новите промени и според првиот генерален секретар на партијата, Борис Змејковски,  се повеќе од потребни.

 

Според Змејковски, со Унијата на ветерани се дава должна почит на оние кои го понесоа првиот товар во Македонија и оние кои се бореа за идеалите на државата и партијата. Оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ, вели Змејковски, за многубројното членство значи споделување на заедничката идеологија.

Со новиот Статут, вели Змејковски за Курир,  се демократизира партијата и се доведува на ранг на европските партии .

И поранешниот шеф на дипломатијата и пратеник, Антонио Милошоски, согласен дека дополнувањата на Статутот на ВМРО ДПМНЕ од страна на Централниот комитет претставуваат негова модернизација и заслужуваат да бидат поздравени.

„Значаен чекор напред во непосредната внатрепартиска демократија е воведувањето на непосреден избор од страна на членството на идните кандидати за општински советници, и идните кандидати за градоначалници. Минатиот труд, личниот углед, довербата кај членството и капацитетот на кандидатот да се носи со обврските на овие позиции ќе добијат на тежина“, посочува Милошоски.

Позитивно го оценува и чинот на ограничување на мандатот ан претседателот на партијата.

„Формирањето на Форум на интелектуалци како и Унија на ветерани е многу корисно бидејќи овие две тела се очекува да го зголемат опсегот на делување во рамките на своите целни групи и од истите да се добиваат корисни идеи, проекти и совети, посочи Милошоски, според кој титуларните функции “почесен претседател, почесен градоначалник, почесен премиер” и слично, немаат некоја суштинска кадровска улога и подобро е за секого честа да си ја задржи кај членството и граѓаните, наместо истата да биде врамена во плакета .

И еден од основачите на партијата, Мане Јаковлески, изјави дека од самото формирање на ВМРО-ДПМНЕ до денес се бараше начин како да се зајакне учеството на секој еден член во крајната партиска политика, што се постигна со новиот Статут. Донесен е најдемократскиот статут на ВМРО-ДПМНЕ, остварена е мислата на Драган Богдановски и на сите основачи кои прерано не напуштија, но и на сите нас кои со помош на Христијан Мицкоски дојдовме до тука, посочи Јаковлески.

Потенцира и дека статутот кој вечерва беше изгласан е на ниво на статутите на ЦДУ и другите наши сестрински партии.

„Мицкоски со статутот ја враќа Унијата на Ветерани и овозможува, ние Ветераните преку една клетка, еден партиски орган унисоно да делуваме и твориме.

Македонија во ВМРО-ДПМНЕ со овој статут ја доби најдемократската партија. Партија која ја гарантира родовата застапеност, младинската вклученост и почитта кон основачите и ветераните“, вели Јаковлески.

 

 

Коронавирус