недела, 5. декември 2021. Вести денес: 113
home Економија

Зголемени цените на угостителските услуги во однос на лани

Зголемени цените на угостителските услуги во однос на лани

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2021 година во однос на истиот период лани е зголемен за 0,3 отсто, додека во однос на декември 2020 година е зголемен за 0,2 процента.

Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2021 година, во споредба со август 2021 година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2021 година, во однос на истиот месец претходната година е зголемен за 0,4 отсто. (МИА)

Коронавирус