сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Економија

Зголемени цените на индустриските производи на домашниот пазар

Зголемени цените на индустриските производи на домашниот пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи во јуни годинава, во споредба со мај, на домашниот пазар се повисоки во групите енергија за 2,1 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни годинава се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво и за 0,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јуни годинава, во споредба со мај, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија за 2,1 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто.

Во јуни 2020, во споредба со јуни 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија за 0,6 отсто, трајни производи за широка потроошувачка за четири отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за еден отсто.

Коронавирус