недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Економија

Зголемен индикаторот на довербата во трговијата на мало

Зголемен индикаторот на довербата во трговијата на мало

Индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од годинава е зголемен за 0,3 процентни поени во однос на претходното тримесечје и за 0,9 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2017 година, оценуваат раководителите на деловните субјекти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, економската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од годинава е поповолна во однос на претходното тримесечје и во однос на истото тримесечје од 2017 година. Се очекува да биде поповолна и во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во второто тримесечје од годинава е поповолна во однос на првото тримесечје, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е поповолна, а се очекува да се зголеми и бројот на вработени. Продажните цени во второто тримесечје од 2018 година минимално се зголемиле во однос на првото тримесечје, а се очекува нивно зголемување и во наредните три месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2018 година имале: зголемената конкуренција на пазарот со 23,3 отсто, слабата побарувачка од купувачите со 22,7, зголемената понуда на пазарот со 16,5 и недостигот на обучен кадар со 15,8 отсто.

МИА

Локални избори 2021