петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 50
home Економија

Земјоделието на колена, илјадници земјоделци се оставени на раб на егзистенција

Земјоделието на колена, илјадници земјоделци се оставени на раб на егзистенција

Земјоделието оваа година е на колена, по очајно ниските цени на доматите, лубениците, сега на ред дојдоа сливите, праските и пченицата. Нема откуп, половина од родот на сливи во радовишко е опаднат, а штетите се проценуваат на над 1.6 милиони евра.

Производителите на праски по забраната за увоз од Русија се соочуваат со вистинска голгота, а откуп на пченица во поголемиот дел од државата скоро и да нема.

На вчерашниот протест на производителите на слива во Делчево еден од земјоделците се пожали и на немањето на откуп на пченицата. Земјоделец од Делчево пред нашите камери изјави:

– Се чудиме дека да продадеме, од Велес наваму немаме откупна станица за пченица, што ги имаме тие наши таму инспектори, наши советници, велат ние не сме надлежни, ние само законот го спроведуваме. Кој закон го спроведува кога не сака да дојде да види како се жнее, дека се носи и дека го истураш, зошто ни се? Само за да зимаат 26 илјади – 30 илјади плата. Никој не го заштитува земјоделецот, не само сливарите и ратарство и градинарство и сточарство и се.

Илјадници земјоделци се доведени на раб на егзистенција, а салонските политичари од власта  не излегуваат на терен да го видат вистинскиот проблем, туку предлагаат нереални мерки, кои не можат да го стимулираат откупот, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека цена под 12 денари за килограм сина слива е нерентабилна и не ја гарантира егзистенцијата на илјадници семејства – производители. Ја повикуваме владата во договор со откупувачите да обезбеди минимална откупна цена од 12 денари по килограм и тоа во најбрз можен рок. Над 10.000 тони слива треба да бидат откупени, а земјоделците очекуваат фер цена која ќе ја обезбеди нивната егзистенција, истакна вчера на прес-конференција Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Состојбата со праските и пченицата е исто така алармантна, а земјоделците велат дека нема да дозволат нивниот труд да биде и понатаму потценуван.

Коронавирус