петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 151
home Економија

Железничкиот сообраќај во петок ќе запре ако до четврток не се подели плата во МЖ Транспорт

Железничкиот сообраќај во петок ќе запре ако до четврток не се подели плата во МЖ Транспорт

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт АД Скопје бара да се деблокира сметката на МЖ Транспорт која, како што тврдат, е блокирана од 2-ри месецов поради долг од 60 милиони денари за неплатена сметка за електрична енергија кон фирма од Бугарија.

Душко Чакаровски, претседател на Независниот машински и извршен персонал, за МИА изјави дека доколку до четврток не биде надминат проблемот и на машинскиот и на извршниот персонал не им бидат исплатени платата и материјалните трошоци за октомври, тие од петок наутро во шест часот нема да ги извршуваат работните обврски.

– Сметката на нашата фирма е блокирана од 2 ноември од бугарска човек фирма со име РИСИВАР за неплатена електрична енергија во висина од 60 милиони денари и тоа во време кога фирмата работеше најпрофитабилно (имаше превоз на емигранти каде отидоа тие огромни средства) од 2016 година и не можеме да функционираме.  Бараме од повисоките структури во државата благовремено да интервенираат и да го решат овој проблем за да функционира железницата, а со тоа и стопанството во државата, изјави Чакаровски.

Тој се надева дека ресорното Министерство за транспорт и врски и Владата ќе го решат проблемот и нема да дојде до прекин на транспортот на суровини за стопанството и ќе можат да сообраќаат и меѓународните транзитни возови.

Коронавирус