петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 138
home Економија

Зелена нафта за земјоделците сѐ уште нема

Зелена нафта за земјоделците сѐ уште нема

Растот на цената на нафтата удри по македонското земјоделство, анализира телевизија Алфа. Постојаното поскапување на дериватите на секои две недели ги загрижи земјоделците дека нема да можат уште долго да работат со профит ако ги задржат сегашните цени. Велат од зелената нафта, која Владата им ја вети уште пред една година нема ништо, а нивните трошоци постојано растат. Ако нафтата продолжи да поскапува, неминовно ќе биде и зголемувањето на цените на земјоделските производи.

Од Стопанската комора велат дека се уште немаат информации кога би можеле да ја очекуваат зелената нафта што значително треба да им ги скрати трошоците. Oд министерството за земјоделство соопштуваат дека мерката е во завршна процедура и дека би требало да профункционира до крајот на годинава. Земјоделците, пак, велат дека Владата нема слух ниту за користењето на термалните води во оранжериите.

– Минатата недела повторно имавме средба со дел од претставниците на оранжериското производство кои користат термални води, но засега нема поголем успех. Очигледно нема слух. Сметаме дека тоа би било решение за поголемите производители на зеленчук, пластеничко, градинарско производство, вели Васко Ристовски од Стопанската комора.

Не само земјоделците, туку и бизнис конфедерацијата алармираше дека ако продолжи трендот на раст на цената на нафтата, компаниите ќе бидат принудени да ги поскапат крајните производи. Нафтените деривати, а особено дизелот поскапеа енормно во изминатата година. Споредено со ланското лето, цената на дизелот се зголеми за 50%, а на бензинот од 95 октани за 25 отсто.

Коронавирус