вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 108
home Економија

Започнаа Деновите на финансиската писменост: Народната банка со презентации за сите заинтересирани граѓани

Започнаа Деновите на финансиската писменост: Народната банка со презентации за сите заинтересирани граѓани

Од денеска до 3 декември ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост, што ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании.

Како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска.

-Денеска со почеток во 14 часот ќе се одржи презентација на тема Монетарната политика на Народната банка. За следните денови се закажани презентации на следниве теми: информации потребни при избор на кредит на 2 декември, во 10 часот, платниот систем и платежните услуги на 2 декември, во 14 часот и за банкарската супервизија на 3 декември, во 14 часот, информираат денеска од Народната банка.

Презентациите ќе се одржуваат преку интернет, на платформата „Вебекс“. Ќе бидат наменети за заинтересирани граѓани со основно и со понапредно ниво на знаења, односно ќе ги опфатат како основните, така и подеталните аспекти од наведените области. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка.

Пријавувањето за учество на презентациите е во тек.

Заради организирање на презентациите во зависност од искажаниот интерес, сите заинтересирани граѓани треба да го најават своето присуство преку порака: – на е-адресата:[email protected] или на официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“.

Притоа, секој заинтересиран граѓанин треба да наведе за која презентација/тема најавува присуство. Рокот за пријавување е најдоцна еден ден пред одржувањето на предавањето.

Најнови вести

Коронавирус