петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 159
home Економија

Законот за зголемување на минималната плата на собраниска седница по скратена постапка

Законот за зголемување на минималната плата на собраниска седница по скратена постапка

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата е на дневен ред на денешната собраниска седница по скратена постапка.

„Висината на минималната плата изнесува 14.500 денари во нето-износ, започнувајќи со исплатата на платата за месец декември 2019 година заклучно со исплатата на платата за месец март 2020 година“, се пропишува во законските измени.

„Со цел да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор, преку финансиска поддршка за работодавачите за кои ќе се изврши зголемување на платата на вработените, се наметна потребата и се предложи законско регулирање на мерка за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување како  финансиска поддршка од Буџетот на Република Северна Македонија.

Имајќи предвид дека  преку предложениот закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување ќе се создадат услови за зголемување на платите на вработените, се создаваат и услови за зголемување и на минималната плата, поради што е потребно да се извршат измени и дополнувања  на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, како и усогласување со Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоците“, се посочува во законското образложение.