вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Економија

Загрозени 40.000 работни места во Македонија

Загрозени 40.000 работни места во Македонија

Во Македонија 40.000 работни места се доведени во прашање.

Анкетата на Организацијата на работодавачи покажа дека 40.000 работни места, се во ризик поради пандемијата. Невработеноста може да порасне за пет процентни поени ако ова сценарио се оствари.

Оваа анкета покажува дека ако кризата продолжи, најголем дел од фирмите нема да го преживеат третиот квартал.

Дури 82 отсто од компаниите чувствуваат влијание од корона кризата. Тие се од 9 сектори и во нив се ангажирани две третини од вкупниот број работници во стопанството.