среда, 4. август 2021. Вести денес: 89
home Економија

ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ: Долгорочно невработените се рак рана на македонското општество

ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ: Долгорочно невработените се рак рана на македонското општество

Со години чекаат вработување. Ова е проблем со кој се соочуваат многу македонски граѓани. Во вкупниот број на невработени лица, најголемо е учеството на невработени кои според должината на невработеност се категоризирани во долгорочно невработени лица. Стапката на долгорочно невработените во 2019 изнесувала 13.1  отсто. Над 78.000 граѓани лани се евидентирани како лица кои 4 и повеќе години чекаат работа, пишува Фактор.

11.681 граѓанин веќе 3 години чекаат работа, а повеќе од 5.500 луѓе веќе две години биле невработени.

Ова се податоци кои ги објави Државниот завод за статистика во публикацијата Македонија низ бројки.

Постојат и луѓе кои откако завршиле со своето образование, работеле само хонорарно, но не успеале да пронајдат стабилна работа.

-Од мои 18 години сум на биро, се пријавував постојано, но работа не добив. Само два пати во мојот живот имав работа по договор за период од 6 месеци. Сега веќе се откажав, не се пријавувам во Агенцијата за вработување. Многу роднини, пријатели исто така со години се без работа и секако дека тоа е сериозен проблем во нашата земја, раскажува Мирадије Исмаиловска, граѓанка за Фактор.

Сепак, во 2009 и 2014 година, бројот на долгорочно невработени во Македонија бил поголем во однос на минатата година.

Целиот текст прочитајте го на Фактор

Коронавирус