четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 118
home Економија

Заеви ја купија по цена од гарсоњења а Герас Цунев е меѓу најдобрите 20 компании

Заеви ја купија по цена од гарсоњења а Герас Цунев е меѓу најдобрите 20 компании

Денеска излегоа информации за најуспешните 130 компании во Македонија. Имено, профитот на 72 друштва чии акции котираат на берзата пораснал за 60 отсто во споредба со лани и достигнал 130 милиони евра.

Седумдесет и две (72) домашни компании чии акции котираат на берзата за половина година оствариле добивки во вкупен износ од 129,84 милиони евра, покажуваат официјалните податоци што ги објави Македонската берза за хартии од вредност кои можете да ги превземете на овој линк.

На оваа листа случајно или не се најде и струмичкиот гигант „Герас Цунев“. Инаку „Герас Цунев “ на јавноста и е познат по тоа што фамилијата Заеви поточно братучедот на Зоран Заев , Трајче Заев купи акции од овој гигант по багателни цени. Имено, Трајче Заев од акционерскиот капитал се стекнал со 4.861 акција и сега поседува 15.126 акции или 22,25 отсто од главнинта на друштвото. Проверките од податоците кога компанијата објави преку Македонска берза за споменатата трансакција, вредноста на една акција изнесувала 300 денари, од што произлегува дека 1.458.300 денари, односно малку повеќе од 20.000 евра. А тоа очигледно е несразмерно со вредноста во недвижнини кои ја поседува друштвото.

Тогаш во јавноста се шпекулираше дека со 20.000 евра не може да се купи ниту најобична гарсониера од 25 квадратни метри, а не, пак, имот со деловни објекти, индустриски погони со површина од 1.849 квадратни метри, на атрактивни локации во општина Струмица,  и дека оправдано се отвора сомневањето дека купопродажбата е склучена со уцена или некој друг вид притисок.

Акциите и имотот со кој се стекнале Заеви е купен под паритет, односно под реалната цена за објектите и засега не е јасно како е продаден толкав имот за толку ниска цена.

Јавноста беше разбранувана со фактот дека таков атрактивен деловен индустриски имот беше купен од страна на Заеви за  само 10 евра по квадрат.

Што е многу симптоматично  сега Герас Цунев се наоѓа на листата на најуспешни компании за првата половина од годината со остварена нето добивка 1.099.000 денари.

Коронавирус