четврток, 4. март 2021. Вести денес: 101
home Економија

Заев не сака да го спасува стопанството, нова државна помош не е ни на повидок

Заев не сака да го спасува стопанството, нова државна помош не е ни на повидок

Стопанството е без поддршка од државата и во неизвесност за време на економска криза. Македонската економија се соочува со сериозна криза која ја предизвика пандемијата со корона вирусот. Потрошувачката моќ на граѓаните е сериозно намалена која е сведена на надмирување сметки и купување на основно продукти.

Ова се должи на непредвидливиот тек на целокупната ситуација со економската и здравствената криза, но и поради тоа што над 45 илјади македонски граѓани ги изгубија своите работни места и следствено на тоа останаа без својот извор на егзистенција.

Во декември минатата 2020 година, при свое телевизиско гостување, премиерот Зоран Заев тврдеше дека на почеток на јануари ќе подготват нов, петти по ред, сет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните. Но, еве веќе сме на крајот од јануари а сѐ уште не нема државна помош за поддршка на економијата и граѓаните.

Сеуште не се откриваат детали за петтиот сет економски мерки. Освен што касни, државната помош за исплата на плата од 14.500 за вработените најверојатно нема да ја користат сите компании.

Како што неофицијално дознава телевизија Алсат, меркава ќе подлежи на измени и оваа помош ќе може да ја користат само најпогодените сектори од пандемија. Од кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања не откриваат колку и кои од предлозите на стопанските комори се прифатени.

Од друга страна, занаетчиите, кои се една од најпогодените сектори бараат да бидат вклучени во помошта која државата ќе ја дава со петтиот пакет економски мерки.

Но и покрај досегашните четири економски мерки, финансиската ињекција на државата во стопанството беше меѓу најниските во регионот. Имено, иако минатата година јавниот долг на државата власта го зголеми за скоро 12% од БДП, помошта кон стопанството беше само за два отсто од Бруто домашниот производ.

Со овој мал процент на финансиска помош на државата кон стопанството, Македонија се најде на дното на листа од земјите во регионот. Помалку помош за стопанството од нас одвоила само Албанија, која одвоила 1.2% средства од нивниот БДП. Повеќе пари за стопанството од нас одвоила дури и Косово, која заедно со Србија одвоиле по 5.2%, а Босна 5.2% од БДП. Најмногу директни буџетски средства за стопанството одвоиле Црна Гора, кои изнесуваа 8% од БДП.

Овие податоци ги објави Европската комисија и Евуростат, кои се обработени од Монитор. Од овие податоци може да се види дека просекот на директната помош во стопанството во земјите од Западен Балкан е 4,3% од БДП, а во земјите од Европската унија достигна 8%, од кои проценти ние сме многу далеку.

Коронавирус