недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 64
home Економија

Миновски: Зачудува што досега не е направен ребаланс на буџетот

Миновски: Зачудува што досега не е направен ребаланс на буџетот

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миновски ги критикуваше економските политики во услови на криза на Владата на СДСМ. Според него сериозен недостаток до сега е тоа што се уште нема ребаланс на планираниот буџет за 2020 година со оглед на новонастаната ситуација. Тој е зачуден што досега немаше ребаланс бидејќи Македонија бележи сериозен пад на приходната страна, односно државата има намален приход од даноци и други давачки кон државата.

-Oчигледно е дека имаме сериозен пад на приходната страна на буџетот. Тоа што ме зачудува е зошто до сега не беа превземени сериозни мерки во поглед на правење ребаланс на буџетот, прилагодување на расходната страна на потребите на приходната страна, поради тоа што гледаме дека имаме една интензивна динамика на позајмување и користење на тие средства кои што се предвени со буџетскиот дефиците за 2020-та година. Она што е е очигледно и јасно дека ни треба дополнителна ликвидност која што може да се обезбеди на два начина, вели Миновски.

ЕУРО 2020

Македонија