среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 9
home Економија

Забележано намалување на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Забележано намалување на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во октомври годинава во однос на октомври лани бележи намалување за 3,1 отсто номинално и 6,8 отсто реално, објави Државниот завод за статистика

Според објавените податоци намалување на прометот е забележано и кај трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 12,2 отсто, а реално за 12,5 отсто и трговијата на мало, освен трговија со горива номинално за 8,1 отсто, а реално за 10 отсто и трговија на мало со автомобилски горива номинално за 26,9 отсто, а реално за 15,6 отсто. (МИА)

Коронавирус