петок, 24. мај 2019. Вести денес: 0
home Економија

За да добиете 500 евра поврат на ДДВ ќе треба да потрошите 18.520 евра

За да добиете 500 евра поврат на ДДВ ќе треба да потрошите 18.520 евра

Од први јули стартува најавената мерка со која граѓаните ќе добиваат поврат од 15 отсто од платениот данок на додадена вредност (ДДВ).

Според најавите, со оваа мерка годишно кај граѓаните би се вратиле меѓу 60 и 100 милиони евра.

Мала математика, покажува дека на секоја сметка од 1.000 денари, на која ДДВ е 18 %, повратот би бил цели 27 денари. На сметка од 10.000 – 270 денари или на потрошена цела просечна плата од 26.000, поврат би бил 702 денари.

Кога предизборно беше најавена мерката, се говореше дека во секое домаќинство, по основ на поврат на 15 % од ДДВ-то, годишно ќе се вратат до 500 евра.

Пресметките сепак говорат дека за да се „врати“ толкав износ, ќе треба за една година едно семејство да потроши 18.520 евра.