понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 43
home Економија

За 4 години Македонија падна 50 места во привлекување на странски инвестиции

За 4 години Македонија падна 50 места во привлекување на странски инвестиции

Британскиот весник Фајненшл тајмс во ранг листата за 2019 година не ја ни рангираше Македонија на листата, па по ова земјава има пад на странските директни инвестиции од загрижувачки 50-тина места за само четири години, од 3-то место во 2016 година сега земјава не е на листата, затоа што немала ниту 10 странски инвестиции.

Во однос на приливот на странски директни инвестиции економскиот аналитичар Гоце Димовски вчера објави податоци според кои приливот на СДИ за 2019 година и прва половина од 2020 година споредбено со земјите во регионот Македонија има дури 3,5 пати помалку инвестиции од Албанија.

Состојбата со непривлекување на СДИ не е лоша, туку никој не инвестира во државава, според информациите во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупните директни инвестиции во Македонија бележат одлив од 9,3 милиони евра што е поразително според експертите.

Дека има неверојатен одлив на капиталот говорат ранг листите на Фајненшл тајмс каде според индексот за успешност на СДИ, Македонија во 2016 година беше на 3-то место, додека во 2018 година падна на 18-то место. Сега ранг листата за минатата година покажува дека земјава ја нема ни помеѓу првите 50-тина држави од вкупно 103 на листата на Фајненшл.
За методологијата според која се мери успешноста и рангирањето потребно е конкретната земја да остварила 10 странски директни инвестиции од претходната година. Секако тоа не е случај со земјава која од тие причини не е ни рангирана на листата.

Во 2019 година најдобро рангирана држава на светско ниво е соседна Србија која со 11.92 индекс е на врвот на ранг листата со најдобра успешност во привлекување и остварување на странски директни инвестииции. Србија освоила вкупно одлични 107 проекти за странски директни инвестиции, 26 СДИ повеќе од 2017 година. Втора на ранг листата е Црна Гора со индекс од 11.49 со 11 проекти за СДИ.

Коронавирус